19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрес тестови и извештаи за банките до 2014 година

Стрес тестови и извештаи за банките до 2014 година

ecb1

Нови извештаи за ситуацијата во банките од еврозоната и стрес тестови би можеле да бидат објавени во средината на 2014 година, пред единствениот надзорен механизам за банките да биде функционален, изјави во петокот членот на извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Ив Мерш.

„Таква сеопфатна проценка е потребна пред да почне со работа надзорниот механизам“ рече Мерш, а пренесе агенцијата Франс прес.

Механизмот би можел да започне со контрола на средствата на банките во период од третиот квартал оваа и првиот квартал од идната година, а потоа, во соработка со Европската банкарска агенција (ЕБА), би требало да се спроведат стрес тестовите, наведува Мерш.

ЕБА најпрво планирала да направи стрес тестови во другата половина на 2013 година, но, бидејќи извештаите за билансите на ситуацијата во банките се клучни за ефектни стрес тестови, ЕБА наведе дека подобро би било тие да се спроведат во 2014 година, кога извештаите ќе бидат комплетни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП