17 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВидеоарт на Зоран Поповски на меѓународен фестивал во Хонг Конг

Видеоарт на Зоран Поповски на меѓународен фестивал во Хонг Конг

Видеопроекции од македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски ќе бидат прикажани на Меѓународниот интермедијален фестивал „Кросинг бордер/Бордер кросинг“ во уметничкиот центар ЈЦЦАЦ во Хонг Конг, во периодот 9-21 октомври.

На фестивалот ќе бидат претставени околу 100 уметнички дела од триесетина меѓународни уметници од Кина, како и од Јапонија, Канада, САД, Франција, Германија, итн. Фестивалот опфаќа широка низа медиуми во современата уметничка продукција, од архитектонски концепти, видео, нови медиуми, звучна уметност, жива уметност, перформанси итн.

Месецов кинеската публика може да ги види делата на Попоски и во големата меѓународна изложба во Уметничкиот музеј во Шиан, еден од најголемите музеи во Кина посветен на современата уметност кој годишно привлекува 800,000 посетители.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми во Линц и Њујорк, а докторирал студии на културата во Скопје. Има реализирано повеќе од 70 меѓународни изложби и е добитник на неколку меѓународни награди за уметност. Негови јавни уметнички проекти се презентирани во Њујорк, Скопје, Даблин, Хонг Конг, итн. Во своите видеа, перформанси и дигитални графики, Попоски ги истражува прашањата на идентитетот, територијата и јавниот простор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП