Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Tip of the week: Површни луѓе

Време: 10:32

Датум: октомври 5, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Јас не знам човек што сака да збори или дружи со површни луѓе? Но знам многу кои би поминале повеќе време со луѓе со вредности, со луѓе од кои можеш нешто да научиш.

Но проблемот е што површните луѓе се околу нас и тешко можете да ги приметите. И си муабетиме со нив, се дружиме. Но, порано или подоцна, површноста искача на виделина, но тешко е да си признаете дека не сте биле во право уште од самиот почеток.

Некои од карактеристиките на површните луѓе се:

  • Малку (да не кажам воопшто) се грижат за другите и се фокусирани најмногу на себеси. При секоја работа, прво гледаат најмногу на тоа што има од целата работа за нив, па после тоа дали е добра или не е добра работата.
  • Знаат многу лесно да се дефокусираат. Сè нешто друго ги интересира и најчесто е поврзано со прилив на пари за нив.
  • Никогаш не грешат, секогаш некој друг им е крив. И кога мислите дека треба да им укажете дека тие грешат, и со тоа ќе се променат, тешко сте се излажале.
  • Немаат никогаш мислење за ништо, и со самото тоа кај нив чувството е супериорно. Но, ако навлезете малку подлабоко во нивната психологија, ќе увидите дека тоа е така поради незнаење, немање искуство, незаинтересираност.
  • Прават многу грешки. Правата многу грешки затоа што се површни… едноставно е! Нивните чести грешки се доволен доказ за тоа.
  • Ги земаат заслугите на тимот иако тие имаат најмалку заслуга на сето што е направено.
  • Кога има проблем во работењето, тие се секогаш зафатени или имаат премногу работа. Не е проблем тоа дека се зафатени, но тоа толку го истакнуваат што се чини дека другите воопшто немаат работа.
  • Мобилниот телефон е цело време покрај нив и нон-стоп го проверуваат. Премногу или цело време се активни или присутни на социјалните медиуми. Овие две работи им се најдобар пријател, а тоа всушност, само ги дефокусира.
  • Озборуваат и прават празни муабети. Понекогаш ова трае и со часови и мислам дека тоа не им е добро инвестирано време.
  • Многу лесно се демотивираат и ако сакате да ги мотивирате, ќе ви биде потребно многу време и енергија. Демотивацијата е најчесто нереална и потекнува од нивната површност во знаењето и искуството, но и желбата за самокритичност.

Има  уште многу карактеристики, но и покрај нив, важно е како ве гледаат луѓето. А како гледаат луѓето на вас и каков впечаток им оставате, зависи најмногу од вас самите. Само немојте да ги обвинувате другите за тоа како гледаат на вас, тоа е нивна перцепција. Единствено што можете да направите е да се промените и да не бидете површни.

 

Со успех во промените,

@kalin.babusku

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Мисла на неделата – куме ти изгоре кесето

    Мисла на неделата – куме ти изгоре кесето

    Не е ова писание за кумот, туку за името е. Не можам и да сакам да ја завртам главата или да ја ставам во песок…

  • Мисла на неделата – пет крвави мајмуни

    Мисла на неделата – пет крвави мајмуни

    Имав можност да учествувам на еден семинар (службено) и таму еден уважен хрватски професор ни раскажа за експериментот со пет мајмуни. Оди отприлика вака. Во…

  • Мисла на неделата –УА свиркачи

    Мисла на неделата –УА свиркачи

    Не, не е овонеделниов напис за политика или никакви закони или слично. Туку е против прекумерната употреба на автомобилските свирки (сирени) во секојдневниот сообраќај и…

  • Мисла на неделата – Морален распад

    Мисла на неделата – Морален распад

    И си беше една ТВ презентерка која затаила данок. Се покаја си плати казна и никому ништо. Си беше и еден доктор кој призна (откако…

  • Мисла на неделата – Паркови на транзицијата

    Мисла на неделата – Паркови на транзицијата

    Во (веќе далечната) 2006-та година бев на годишен одмор во Република Албанија. Интересно ми беше што на самата плажа на поедини места имаше бункери.  Да,…

  • Мисла на неделата -Прогресивен данок, да или не?

    Мисла на неделата -Прогресивен данок, да или не?

    Во насока на подржување на јавната расправа околу воведување на прогресивен данок на добивка е и овонеделната Мисла на неделата со што сакам да го…

  • Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Сe помалку и помалку има јунаци кои ќе преземат некаква иницијатива за да се започне некоја работа, а камоли и да се заврши. Цело време…

  • Tip of the week: Кога не иде, не иде…

    Tip of the week: Кога не иде, не иде…

    Повеќе пати сме се нашле во ситуација кога колку и да сакаме некоја работа да испадне како што треба, едноставно не ни успева во намерата.…

  • Tip of the week: Пасивна продажба

    Tip of the week: Пасивна продажба

    Како моја професионална деформација, многу често знам кога шетам по продавници, ресторани, кафулиња или други услужни места, да го набљудувам и  да го следам продажниот…

  • Tip of the week: Пред да кажеш нешто…

    Tip of the week: Пред да кажеш нешто…

    Пред некој ден налетав на една слика на која пишуваше: Пред да зборуваш, размисли… Дали е вистина?! Дали е од помош?! Дали е инспиративно?! Дали…