6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШака урми и сок од калинка и срцето ви е заштитено

Шака урми и сок од калинка и срцето ви е заштитено

Оваа комбинација на целото тело му обезбедува виталност, а научниците истакнуваат дека ваквото комбинирање е поделотворно во превенцијата од некои заболувања отколку консумирањето на овие две намирници одвоено.

Половина чаша сок од калинка во комбинација со една шака урми (3-4 урми) може значително да го унапреди здравјето на секое лице и да го заштити од срцев удар или инфаркт, покажаа најновите истражувања.

Оваа комбинација му дава на телото виталност, а научниците истакнуваат дека таа комбинацвија е далеку поделотворна во превенцијата од некои заболувања отколку кога овие намирници се користат одвоено. Лекарите советуваат дека е доволно три пати неделно вашето тело да го освежите со оваа комбинација, односно една чаша природен сок од калинка и една шака урми, за кои велат дека се едни од најдобрите овошја на светот.

Студијата која потврди дека на тој начин се обезбедува совршена заштита за срцето била спроведена на глувци. Утврдено е дека при консумирањето на оваа комбинација одреден временски период дошло до значително намалување на нивото на холестерол, но и чистење на крвните садови.

Потврдено е дека оваа комбинација може да го има истиот ефект и кај здравите луѓе, па затоа се препорачува не само на здравите туку и на оние лица кои преживеале срцев удар или постои ризик да се соочат со него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП