26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: МЗТ со победа ја започна новата сезона, Партизан падна во „Јане...

АБА: МЗТ со победа ја започна новата сезона, Партизан падна во „Јане Сандански“

МЗТ со победа ја започна новата сезона во регионалната АБА лига. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“, кошаркарите на МЗТ го совладаа белградски Партизан со 92:89 (26:25, 16:23, 21:19, 29:22). „Штрковите“ до победата ги предвода Дамјан Стојановски, Бојан Трајковски и Ерик Гасија, кои постигнаа две третини од поените.

МЗТ на брилијантен ја започна својата шеста сезона во Јадранската лига, со победа над еден од фаворитите за пласман на завршниот турнир.

Кошаркарите на македонскиот шампион од првата секунда покажаа дека немаат намера да им се повтори минатосезонскиот дебакл против Партизан.

Одлично во првите шест минути функционираше пик играта помеѓу Гарсија и Лалиќ за која Паризан немаше решение. МЗТ по шест минути имаше предност 21:14. По тајм аутот на Мута Николиќ, Партизан почна добро да ја брани пик играта, МЗТ влезе во серија грешки и избрзани шутеви, што иницираше серија од десет поени на и водство на белградскиот тим. Сепак во финишот на првиот период Трајковски погоди тројка за 26:25.

Партизан добриот ритам го пренесе и во втората четвртина, а влегувањето во игра на искусниот капитен Величковиќ му донесе дополнителна агресивност под обрачите. Екипите беа во егал по 15 минути игра (32:32), но во следните три минути гостите направија серија 2:12 и стигнаа до првата двоцифрена предност на мечот 34:44.

Следуваше тројка на Стојановски, па потоа истиот играч реализира три слободни фралања, а Вилијам-Гос од линијата за слободни се погреижи Партизан на полувреме да води 42:48.

Во второто полувреме двата тима тргнаа лошо, со многу промашувања и загубени топки, но Партизан успеваше да ја одржува разликата од четири до осум поени. Гостинскиот центар Шалиќ блескаше во овој период, во кој постигна седум од своите девет поени. Предноста на Партизан по три четвртини беше 63:67.

МЗТ решавачкиот период го отвори со серија од пет поени (68:67), во 33.минута беше 70:70, а во наредната минута се случи еден од клучните моменти на натпреварот. Трајковски со блокада го спречи Величковиќ да поентира од контранапад, а потоа центарот на МЗТ на спротивната страна реализира за три поени.

Во последните седум минути целосно се разигра капитенот Стојановски, Трајковски погодуваше секогаш кога тоа му беше неопходно на тимот, а во пенал завршницата Дамјан Стојановски го реши прашањето на победникот.

Покрај двајцата македонски репрезентативци брилијантен меч одигра новиот плејмејкер Гарсија кој подели девет асистенции, а статистички кога тој беше на теренот МЗТ беше во плус од 19 поени.

На крајот најефикасни кај МЗТ беа Стојановски со 25 поени, 5 скока, 4 асистенции, Трајковски со 20 поени, 14 скокови и Гарсија со 17 поени, 9 асистенции. Двоцифрени според бројот на поените кај МЗТ беа уште и Јансен со 14, односно Лалиќ со 10 поени.

Партизан го предводеа капитенот Величковиќ со 16 поени, односно Вилијам-Гос со 12 поени и 10 асистенции, но Американецот лошо шутираше од поле 3/13.

Мечот од второто коло МЗТ ќе го одигра веќе во вторник, кога ќе му гостува во Белград на ФМП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП