28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРасел Вестбрук - најплатениот играч во историјата на НБА

Расел Вестбрук – најплатениот играч во историјата на НБА

Расел Вестбрук потпишал нов петгодишен договор со Оклахома со што стана најплатениот играч во историјата на НБА лигата. Како што наведува „ЕСПН“, најкорисниот играч во лигата во минатата сезона договорил соработка со Оклахома за 205 милиони долари. Деталите ги договориле менаџерот на Вестбрук, Тед Фучер и генералниот менаџер на Оклахома, Сем Петси.

Најскапиот договор во НБА историјата ќе започне да важи од наредната сезона, што значи дека, вклучувајќи ја оваа сезона, Вестбрук за шест години ќе заработи 233 милиони долари.

Плејмејкерот на Оклахома имаше сезона каква што немал ниту еден кошаркар во последните 45 години. Тој во сезоната на 82 натпревари оствари трип-дабл просек од 31,6 поени, 10,7 скокови и 10,4 асистенции.

Вестбрук на 42 натпревари забележа трипл-дабла, а неговиот тим во тие натпревари оствари скор 33-9. Два пати во текот на сезоната имаше серии од по седум трипл-дабал учиноци, што не оставрил ниту еден играч во историјата на НБА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП