16 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОслободете го организмот од токсините со помош на овие здрави и вкусни...

Ослободете го организмот од токсините со помош на овие здрави и вкусни зеленчуци

Ослободете го организмот од токсините со помош на овие здрави и вкусни зеленчуци…

Лошиот начин на исхрана може многу неповолно да влијае на способноста на организмот да ги исфрли токсините. Постојат многу корисни намирници кои помагаат при детоксикацијата, а ние ви претставувме неколку видови зеленчук кои се одлични во борбата против штетните материи кои се таложат во нашето тело.

Артичоки

Овој зеленчук содржи доста солмарин, антиоксиданс кој помага црниот дроб да ги одработи штетните материи. Артичоките можете да ги јадете обарени, прелиени со маслиново масло, морска сол, бибер, мајчина душичка и изрендана кора од лимон.

Цвекло

Покрај бројните лековити својства, овој зеленчук содржи и многу железо и цинк. Вкусното цвекло му помага на организмот да ги исфрли токсините, а може да го подготвите на жар и да го додадете во салатите или да го сварите и да направите вкусен прилог со главното јадење.

Брокулa

Овој зеленчук прави чуда во организмот. А особено моќно делува кога станува збор за детоксикацијата. Изберете го омилениот начин на подготовка и уживајте во вкусниот и многу здрав оброк.

Прокељ

На пребирливите лица овој зелечук не им е на врвот на листата со омилени нешта, но прокељот е многу здрав. Овие мали зелчиња можете да ги маринирате, а потоа да ги подготвите на скара и да ги послужите како вкусен прилог.

Рукола

Овој зеленчук е идеален за детоксикација. Ефикасно ги исфрла сите токсини од организмот, а може да се јаде и свежа. Додадете ја руколата во салатите или декорирајте ги со неа омилените специјалитети, а можете да ја ставите и во пица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП