3 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБиенална изложба на цртеж „Скици 2017“ во Куманово

Биенална изложба на цртеж „Скици 2017“ во Куманово

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово в петок со почеток во 20 часот ќе биде отворена биеналната изложба на цртеж „Скици 2017“.

На оваа изложба учествуваа следниве академски уметници: Дејан Арсовски Бабата, Зоран Арсовски Бабата, Марија Валичковска, Бране Величковски, Владимир Величковски, Симона Јакимовска, Зоран Јакимовски, Стефан Јакимовски, Ана Јовановска, Далибор Крстевски, Борис Кукуњавски, Страхил Петровски, Вера Тодоровска, Трајко Тошевски, Марина Цветановска Мартиновска.

Изложбата содржи 24 цртежи работени во повеќе техники, а истата ќе биде поставена до 20 октомври.

Своето седмо издание, биеналната изложба на цртеж „Скици 2017“ ќе го одбележи со отворањето на вратите за сите ликовни уметници. Досега учествуваа само академските сликари.

Проектот „Скици 2017“ е поддржан од страна на Министерството за култура, а како организатор и координатор се јавува НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, но за самото опстојување на овој биенален проект, најзначајни се ликовните уметници коишто и оваа година отстапија дел од своите трудови.

„Посебна тежина во поставката внесуваат и делата на уметници коишто повеќе не се со нас, но со својата богата ликовна продукција дале голем придонес во пишувањето на историјата на уметноста во нашиот град и пошироко. Да се надеваме дека и четвртиот субјект – ликовната публика ќе биде на висина на задачата и дека со внимание ќе ги проследи понудените цртежи, што, пак, нам ќе ни послужи како мотив за иден ангажман во смисла на уште подобро презентирање на современиот цртеж од овие простори“, вели Роберт Цветковски, историчар на уметноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП