15 април, 2025
ПочетнаКУЛТУРАПовик за литературна награда од Европската банка за обнова и развој

Повик за литературна награда од Европската банка за обнова и развој

Наградата е развиена како проект од културата, во насока на нагласување на различностите и културната креативност на земјите каде што Банката има свои активности и каде што инвестира.

Повикот е отворен за сите писатели кои живеат и творат во земјите каде што ЕБОР има свои канцеларии, а чии дела се преведени на англиски јазик и објавени од издавач во Велика Британија. Критериумите за квалификување можете да ги пронајдете на следниот линк.

Наградата од 20.000 евра ќе биде поделена помеѓу авторот кој ќе ја добие наградата и преведувачот. Одлуката за доделување на наградата ќе биде донесена од панел на судии кои ќе ги објават имињата на финалистите (три автори и тројца преведувачи). Сите ќе бидат поканети на свечената церемонија на доделување на наградите, која ќе се одржи во дирекцијата на ЕБОР во Лондон во април 2018 година. Крајниот рок за доставување на делата е 21 октомври 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП