27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГeрет Бари го собори рекордот на Рајан Гигс

Гeрет Бари го собори рекордот на Рајан Гигс

Герет Бари испиша нова страница во исоријата на Премиер лигата, откако на натпреварот против Арсенал го собори рекородот на Рајан Гигс според бројот на настапи во најсилното англиско првенство.

Бари, сега играч на Вест Бромвич Албион, против Арсенал го одигра 633 натпревар во Премиер лигата, со што стана апсолутен рекордер.

36-годишниот Бари ја игра својата јубилејна 20.сезона во Премиер лигата, а до рекордната бројка на настапи стигна како играч на Астон Вила, Манчестер Сити, Евертон и Вест Бромвич Албион.

Во Премер лигата дебитирал во 1998 година во дресот на Астон Вила. Тој е првиот фудбалер во историјата кој најмалку 600 натпревари започнал во стартната постава.

Исто така е фудбалер со најмногу жолти картони во историјата (119), а само уште една легенда има троцифрен број на јавни опомени, Вејн Руни (100).

Бари има одиграно и 53 натпревари за репрезентацијата на Англија, а ќе остане запаметен како фудбалерот кој го постигнал 2.000 гол за националниот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП