28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДвејн Вејд си замина од тимот на Чикаго Булс

Двејн Вејд си замина од тимот на Чикаго Булс

Двејн Вејд по само една сезона го напушти тимот на Чикаго Булс. Легендата на Мајами Хит минатата сезона го оствари сонот и потпиша за тимот од родниот град, но меѓу Булси остана само една сезона.

Вејд и Чикаго спогодбено ја раскинаа соработката, која во претстојната сезона требаше да му донесе 24 милиони долари.

Популарниот „Флеш“ минатата сезона постигнуваше во просек по 18,3 поени, но беше јасно дека ќе го напушти тимот кога Чикаго го „трејдуваше“ Џими Батлер и тргна да гради нова екипа.

Американските медиуми шпекулираат дека Вејд би можел повторно да игра заедно со Леброн Џејмс сега во Кливленд Кавалирс, но не ја исклучуваат опцијата тој да се врати во Мајами Хит.

Како можни опции се споменуваат и Сан Антонио Спарс, односно Оклахома Сити Тандер, екипа која покрај Расел Вестбрук сега има уште две големи ѕвезди, Пол Џорџ и Кармело Ентони.

Во меѓувреме Чикаго потпиша нов двегодишен договор со Никола Миротиќ. Цроногорецот кој игра за Шпанија ќе заработи 26 милиони долари за две сезони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП