6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМанифестација „Движи се за здравје“ денес во Градскиот парк

Манифестација „Движи се за здравје“ денес во Градскиот парк

Во рамки на Европската недела на движењето, што се одржува од 21 до 27-ми овој месец, денеска на платото пред фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк ќе се одржат забавно – рекреативни игри под мотото „Движи се за здравје“.

Манифестацијата е во организација на Федерацијата за рекретивен спорт и Спортскиот оддел при Детскиот културен центар „Карпош“, со поддршка на ISCA (international sport and culture asociation) од Данска и Агенцијата за млади и спорт.

Манифестацијата е од забавно-рекреативен карактер и подразбира вежби за подобрување на моторичкиот развој кај децата од рана предучилишна возраст

Од секоја градинка од Скопје и околината ќе учествуваат по пет момчиња и пет девојчиња од најголемата група, а на манифестацијата ќе има вежби со велосипед или тротинет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП