25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВиноскоп од 20-ти до 24-ти септември

Виноскоп од 20-ти до 24-ти септември

Од утре па до недела 24 септември ќе се одржи фестивалот „Вино Скоп” на плоштадот „Мајка Тереза“, пред МОБ.

– Град Скопје преку фестивалот на виното – Вино Скоп, сака да ги поддржи и промовира македонските производители на вина, да го презентира долгогодишното производство на вино, нашето културно наследство и традиција и развој на квалитетниот вински туризам, преку дегустација на вино и храна од нашето поднебје. Посетителите на годинешниов „Вино Скоп“ ќе имаат можност да дегустираат повеќе видови вина, кои ќе бидат изложени на штандовите на 10-тина винарии, производители на квалитетно македонско вино кои ќе понудат нови вкусови на љубителите на доброто вино, презентирани по промотивни цени. Ќе има и вкусни македонски деликатеси кои одлично одат со добра чаша вино, проследено со богата културно-уметничка прогама. За реализација на овој фестивал на виното Градот Скопје од Буџетот издвои 700. 000 денари – истакна на конференцијата за медиумите Слободан Ќосев од Секторот за Локален економски развој на Град Скопје.

Даниел Шилев од организацијата „Темов“, најави богата програма и интересни настани на најстариот и најголем фестивал на виното во Македонија, односно настапите на : Караванија, одлични џез изведувачи, Калевала- бенд кој изведува традиционални песни од целиот свет, Викторија Лоба со диџеј и танчерки, групата Ај Кју, Нокаут со старо-новите хитови, диџеј Александар Јорданов, Поп Арт Бенд со преработки на македонски песни, Нина Јанева со Егзит, Фиц, фронтменот на Студени нозе кој ќе ги исполни сите легендарни песни од бендот, надежниот поп-рок бенд Чил Плеј, мајсторот за добра атмосфера Миле Кузмановски, дуото Куку Леле, етнобендот Баклава, чии песни звучат светски и српскиот бенд Министарке.

За боемите и љубителите на добро македонско вино годинава е предвидено и викенд матине кое ќе почнува на пладне во сабота и во недела, а ќе ги забавуваат познати тамбураши и чалгии, додека пак за оние што сакаат да се напијат вино по работното време во четврток и во петок, ќе има „ афтерворк“ забави со рок, блуз и џез бендови.

Вечерните забави ќе започнуваат во 21 часот, додека пак дневните во четврток и во петок од 17 часот, а во сабота и во недела во 12 часот.

Како и секоја година влезот е бесплатен.Вино Скоп по единесетти пат е под покровителство на Градот Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП