6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку брзо одите вие?

Колку брзо одите вие?

Можеби ви се чини дека ова прашање е безначајно, но се лажете.

Врз основа на ова едноставно прашање може да се процени под колкав ризик сте од развој на болести на срцето и крвните садови.

Истражувањето спроведено во Велика Британија покажа дека лицата кои генерално одат со брзо темпо имаат за два пати понизок ризик од смрт како последица на болести на срцето и крвните садови од оние кои одат побавно, пренесува Хуфингтон пост.

Во текот на оваа студија, анализирана била здравствената состојба на 420.000 возрасни лице воВелика Британија во период од шест години. На почетокот на истражувањата, никој од нив немал проблеми со срцето.

Испитаниците пополнувале прашалник во кој, помеѓу останатото, требало да одредат и со кое темпо одат, а понудени биле опциите „бавно“, „просечно“ и „брзо“. Потоа во лабараториски услови било тестирано во каква кондиција се учесниците.

Во текот на шест години колку што е следена нивната здравствена состојба починале 8.600 испитаници, од кои 1.650 починале поради последици од болести на срцето. Меѓу нив, најмногу биле оние кои на почетокот на истражувањето се изјасниле дека одат „бавно“.

Истражувањето покажало дека брзината на одење е поврзана со степенот на општа физичка активност, така што резултатите се сосема логични – они кои одат бавно не вежбаат, па со самото тоа се повеќе изложени на ризик од болести на срцето и крвните садови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП