29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвробаскет: Шпанците ја освоија бронзата (видео)

Евробаскет: Шпанците ја освоија бронзата (видео)

Кошаркарите на Шпанија ја освоија бронзата на 40.Европско првенство. Шпанците во „малото финале“ ја победија Русија 93:85. „Црвената фурија“ не успеа да го одбрани златото од претходните два шампионати, но ја продолжи успешната низа на освојување медал на континеталниот шампионат. Шпанија последен пат без медал остана во 2005 година на првенството во Србија и Црна Гора.

Шпанија во борбата за третото место имаше целосна контрола од почетокот на натпреварот па се до последните пет минути, кога резервната постава на Русија успеа да ја стопи разликата од 17 поени на пет. Русите потоа дојдоа на негатива од еден посед, но грешките на Фридзон и овозможија на Шпанија да влезе во мирен финиш.

Браќата Гасол искомбинираа 51 поен и ја предводеа Шпанија до бронзата. Пау имаше двоен ефект од 26 поени и 10 скокови,а Марк реализира 25 поени. Кај Русија Швед уфрли 18 поени, но тој речиси и да не играше во второто полувреме, кога Русија за малку не направи пресврт.

Шпанците веднаш ги добија бронзените медали, што значи дека шрв пат во историјата ќе има две церемонии на доделувањето на медали, бидејќи свечена церемонија ќе има и по завршувањеро на финалето помеѓу Словенија и Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП