2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПретераната консумација на овошје е штетна!

Претераната консумација на овошје е штетна!

Јасни се позитивните страни на овошјето кое би требало да биде неизоставен дел од секојдневната исхрана. Но, она што е помалку познато е дека и консумирањето на овошје има свои „нус-ефекти“, особено ако се јаде без мерка.

Поради убедувањето дека овошјето нема „лоша“ страна, многу луѓе го јадат во огромни количини и со тоа се ставаат на ризик од здравствени проблеми, проблеми со вишокот килограми и расипување на забите. Па, ако имате проблеми со холестерол или дијабетис, премногу овошје може само да ви наштети. Исто така, претераното консумирање на овошје може да објасни зошто некои луѓе, и покрај релативно здравиот начин на живот, таложат екстра килограми.

„Една од главните заблуди, односно она што луѓето најчесто го забораваат е фактот дека овошјето, како и секоја друга храна, содржи одреден број на калории кои можат да влијаат на зголемувањето на тежината“, објаснува др. Карол Ле Ру, консултант од Империал колеџот во Лондон.

Но, зголемувањето на килограми не е единствениот здравствен проблем поврзан со вишокот на фруктоза, која може да го зголеми нивото на триглицериди кои пак се поврзуваат со срцевите болести.

„На сите пациенти со зголемен холестерол им советуваме да бидат внимателни со овошјето, а исто и на дијабетичарите, затоа што високата концентрација на фруктоза може да го зголеми нивото на гликоза во крвта“, вели др. Ле Ру.

Се разбира, ова не значи дека се негираат позитивните страни кои конузмирањето на овошје без сомнеж ги има врз здравјето, туку само се нагласува потребата од умереност. А, колку овошје е „по мерка“?

Според истражувањето спроведено на Универзитетот во Колорадо, најдобро би било дневно да се конзумираат пет оброци од кои најмногу два би требало да бидат овошни. Исклучок од ова се луѓето кои имаат проблеми со срцето или со вишокот на килограми – тие би требало да се ограничат на една порција овошје дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП