9 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложбата „Водата – дар од природата“ во Музејот на Македонија

Изложбата „Водата – дар од природата“ во Музејот на Македонија

Денес во 20 часот во Музејот на Македонија ќе биде отворена изложбата „Водата – дар од природата“.

Изложбата се поставува во рамките на манифестацијата Европски денови на културното наследство. На изложбата ќе бидат поставени садови за вода датирани од праисторискиот период до 20 век.

Покрај тоа, ќе бидат презентирани и некои обичаи поврзани со водата, а преку макети ќе биде даде преглед и на користењето на водата во народното стопанство.

Автор на концепцијата за изложбата и текстот за диплијанот е Нада Андоновска, координатор на манифестацијата Европски денови на културното наследство.

Отворањето на изложбата ќе биде проследено со повеќе настани, кои ќе се рализираат во Музејот на Македонија на 15 и 16 септември 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП