16 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете сами маска против брчки

Направете сами маска против брчки

Пробајте со едноставната „маска за лице од кујната“ и вашиот тен ќе заблеска, а брчките сигурно ќе бидат помалку видливи.

Ги забележавте првите брчки на лицето и веќе ве фака паника? Нема причина за грижа. Пробајте ја оваа едноставна „маска за лице од кујната“ и вашиот тен ќе заблеска, а брчките сигурно ќе бидат помалку видливи..

Потребни ви се следните состојќи:

– Три лажици сода бикарбона

– Лажица мед

– Три капсули витамин Е

– Три лажици млеко

– 1/4 лажица цимет

Сите состојки измешајте ги во сад се додека не добиете хомогена смеса, потоа нанесете ја маската на лицето и лесно масирајте со врвовите на прстите во кружни движења. Оставете ја да отстои на лицето 10 до 15 минути и потоа измијте се со млака вода.

Сода бикарбоната делува како пилинг, медот хидрира и го чисти епидермот од токсини и шетни супстанци, додека циметот го подобрува преносот на кислород. Благодарение на синергичното делување на овие состојки, кожата по третманот станува чиста, здрава, блескаво сјајна, нежна и мазна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП