29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДе Бур доби отказ, кој е следниот?

Де Бур доби отказ, кој е следниот?

Само четири кола беа потребни за да падне првата тренерска глава во Премиер лигата. Франк де Бур доби отказ во Кристал Палас откако неговите играчи не постигнаа гол на четири натпревари и не освоија ниту еден бод.

Франк де Бур доби отпремнина од два милиони фунти, а на клупата на Кристал Палас се задржа само 75 дена. Откако тој доби отказ, медиумите и обложувалниците започнаа со лицитацијата кој е следниот менаџер кој ќе добие отказ.

Кандидат број 1 е менаџерот на Вест Хем, Славен Билиќ. Хрватот во понеделникот ја забележа првата победа сезонава, но и покрај тоа, според Англичаните, е првиот кандидат за отказ.

Втор на листата е Рафаел Бенитез, кој не е во добри односи со раководството на Њукасл. Повратникот во Премиер лигата по двата порази забележа две победи, но добро упатените тврдат дека раководството чека и најмал кикс за да му врачи отказ.

Зад Шпанецот е Арсен Венгер, но никој не верува во опцијата дека Арсенал ќе го отпушти својот тренер во екот на сезоната. Со години Венгер не може да е пофали со блескави резултати, но и понатаму е незаменлив на менаџерската функција.

Тешка сезона и останок на функциите им се предвидува и на Крег Шекпсир од Лестер, Еди Хау (Борнмут), Маурисио Пелегрино (Саутемптон) и Пол Клемент (Свонси).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП