12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАУморни на работа? Менталниот замор е најизразен во 14 часот

Уморни на работа? Менталниот замор е најизразен во 14 часот

Научниците тврдат дека на мозокот, токму како и на телото му е потребен попладневен одмор. Задачите кои „бараат“ напор и размислување обавете ги претпладне, а за попладне оставете ги полесните задачи.

Со ова истражување научниците истражувале дали времето од денот влијае на одлуките кои ги донесуваме.

Истражувачите од австралискиот Универзитет „Свибурн“ тврдат дека дел од мозокот кој е наречен лев путамен е клучен за функционирање на составот за награди, па одлучија да ја тестираат активацијата на тој дел од мозокот наутро во 10 часот, попладне во 14 навечер во 19 часот.

Водичот на студијата Џејми Бирн вели дека откриле дека левиот путамен најслабо се активира во 14 часот.

И психологот Ерик Баркер вели дека утрото треба да биде резервирано за задачите кои бараат многу размислување, додека работите кои не бараат премногу ментален напор треба да ги оставиме за попладне.

„Вообичаеното сфаќање на составот за награди вели дека човекот на одредена ситуација реагира на привлечноста на наградата, но и факторот, како што е општата психолошка диспозиција“, објаснува Бирн, доктор по клиничка психологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП