6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕТрчањето ги ублажува симптомите на алергиите

Трчањето ги ублажува симптомите на алергиите

Со трчањето со ублажуваат симптомите на алергиите и до 70 проценти, покажа истражувањето на британските научници.

Експертите од лондонскиот Центар за превенција заклучија дека затоа што кардио-вежбите како што е џогирањето, го ублажува влијанието на протеините во ноздрвите.

Оваа физичка активност е корисна и кога станува збор за срцеви болести, ги зајакнува коските и лигаментите, го намалува ризикот од мозочен удар и од заболување на зглобовите, влијае на намалувањето на телесната тежина… По џогирањето бројот на крвни клетки кои го чуваат нашиот организам се зголемува за 30 проценти. Освен тоа, докажано е дека го намалува нивото на стрес и го буди хормонот на среќа.

Во студијата спроведена на Универзитетот Џорџија волонтери со таблети кофеин биле доведени до состојба на стрес. Потоа од оваа состојба биле извлечени со трчање, па докторите сфатиле дека оваа активност треба редовно да им се препорачува и на лицата со депресија, но и оние со проблеми како алкохолизмот и наркоманијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП