Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,299.13 -0.01%    GRNT 830.05 1.13%    KMB 5,209.45 3.13%    MPT 40,034.07 6.98%    MTUR 4,695.49 2.08%    OHB 6,413.12 -0.21%    OKTA 4,191.33 1.02%    PKB 14,300.00 2.87%    REPL 63,000.00 0%    RZIN 120.00 -1.64%    RZLE 37.00 0%    RZLV 79.00 9.31%    RZUS 141.00 2.39%    SBT 2,000.00 0%    STB 963.00 1.19%    STBP 900.00 0%    STIL 148.00 -6.92%    TEL 279.65 1.69%    TKVS 4,498.50 4.11%    TTK 983.00 2.97%    UNI 2,590.16 1.31%    ZILU 244.39 0.16%    

Изложба на цртежи „Омаж за тебе“ на Валентина Илијевска

Време: 10:18

Датум: септември 12, 2017

Категорија: КУЛТУРА

Во четврток, со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе се отвори изложба на цртежи со наслов “Омаж за тебе“ од авторката Валентина Илијевска.

Валентина Илијевска е родена во Скопје 1987. Завршила средно образование во ДСУПУ “Лазар Личеноски“ – Скопје .Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) – Скопје – Оддел графика и графички техники во класата на проф. Мирко Вујисиќ со насока – конзервација и реставрација кај проф. Невенка Величковска и проф. Момчило Трајковски. Магистрира на постдипломски студии на одделот Конзервација и реставрација на ѕидно сликарство, на Факултетот за ликовни уметности-Скопје, во класа на проф. м-р. Благоја Кузмановски.

Учествува на многубројни самостојни, меѓународни групни изложби и ликовни колонии во периодот 2009-2017.

Ако се обидете да направите една синтеза на мистичното – сведено на таинствените математички броеви и духовните импликации предизвикани од нивниот сооднос, интуитивното – изразено како слободно креирани површини обликувани од мрежа на густи праволиниски структури и филозофското – персонифицирано во шаховска табла – живот во којшто на секој ваш повлечен потез добивате контра потез односно вашиот живот станува резултанта на исходот акција – реакција , добивате појдовна основа за анализа на најновата творечка креација на авторката Валентина Илијевска насловена како “Омаж за тебе“.

Се работи за корпус од дела поставени на седум пункта, тематски и стилски поврзани со еден концепт којшто во себе вклучува цртеж, објект и просторна интервенција. Авторката еманирајќи мистична атмосфера со поставување на езотерична просторно-објектна загатка за гледачот, ќе се обиде да воспостави интеракција реферирајќи се на влијанието на енергијата и фрекфенциите рефлектирани од нејзините дела кон непосредното опкружување. Објектите се поставени на постаменти во простор при што носечкиот елемент е стилизирана фортификација изработена од картон поставена на шаховска табла. “Фортификацијата“ е во вид на квадрат отворена од горе со сина коцка ставена во центарот, лесна за визуелна детекција иако со мали димензии, благодарение на шаховската табла којашто е комбинирана со парчиња од стакло-огледало. На сите четири страни се поставени цртежи работени со туш и молив, на прв поглед правејќи илузија дека се работи за мали графички листови.Иако мали по димензии, цртежите се доста инспиративни и во себе носат универзални пораки отсликувајќи една мисловна епизода материјализирана во апстрактно сложена линиска структура исцртана мошне прецизно и на моменти делува како псеудо-фрактална структура којашто го гради просторот по некои свои правила креирајќи делумно геометризирани форми и апстрактно-асоцијативни објекти коишто инстантно се исцртуваат во перцепцијата на гледачот.

И ако седумте пункта ги разбереме како време во денови коешто му беше потребно на креаторот да го создаде светот, фортификациите како луѓе оградени со зидови на коишто се закачени строго контролирани слики за надворешна перцепција, шаховската табла како живот којшто е партија со неизвесен крај а сината коцка е порталот преку кој сме врзани перманентно за “креаторот“ на целиот универзум тогаш сфаќаме дека се наоѓаме во простор којшто ја отсликува целата драматиката и убавина на животот. Читањето на оваа поставка дозволува слободна интерпретација затоа и насловот “Омаж за тебе“ не води кон себенаоѓање и лично толкување на изложбата, можеби различно и од самата идеја на авторката. Но она што дефинитивно е константа е сосема сигурното и самоуверено одење на Валентина Илијевска по патот зацртан уште од студенските денови, пат исполнет со љубопитност, храброст, посветеност и континуитет. Резултатите од нејзините акции се евидентни и за среќа достапни и на пошироката публика. Очекуваме и понатаму Човекот, нејзината вечна инспирација и заштитник и понатаму да ја полни со креативна енергија а ние да ја восприемаме како и досега – инвентивен уметник со интердисциплинарни предиспозиции чиишто дела нè насочуваат кон подлабоко размислување за уметноста воопшто.

Изложбата ќе биде поставена до 28 септември.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Народниот театар од Ниш со „Госпоѓа министерка“ вечерва на фестивалот “Гола месечина“

    Народниот театар од Ниш со „Госпоѓа министерка“ вечерва на фестивалот “Гола месечина“

    На третата вечер од фестивалот на комедијата „Гола месечина“, вечерва во 21 часот на отворената сцена во спорсткиот центар „Ново лисиче“ ќе биде изведена претставата…

  • Отворен повикот за учество на саемот на уметност „Ин Ситу“

    Отворен повикот за учество на саемот на уметност „Ин Ситу“

    Меѓународниот саем на уметност „Ин Ситу“, досега познат како „Паратисима Скопје“, ќе се одржи од 13 до 15 септември во Младинскиот културен центар во Скопје. Повикот…

  • Почна фестивалот на комедијата „Гола месечина“

    Почна фестивалот на комедијата „Гола месечина“

    Со урнебесната повеќепати наградувана босанска претстава „Једваносимсобоакаломистобо“ од Нејра Бабиќ и Алеш Курт, вчеравечер беше отворен меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“. Се работи за…

  • Почнува фестивалот на комедијата „Гола месечина“, седум претстави од Македонија, БиХ и од Србија

    Почнува фестивалот на комедијата „Гола месечина“, седум претстави од Македонија, БиХ и од Србија

    Со урнебесната повеќенаградувана босанска претстава „Једваносимсобоакамоломистобо“ од Нејра Бабиќ и Алеш Курт, вечерва на сцената на Театар „Комедија“ ќе биде отворен меѓународниот фестивал на комедијата…

  • Промоција на монографијата „Цртежи“ од Павле Кузманоски

    Промоција на монографијата „Цртежи“ од Павле Кузманоски

    Во мултимедијалниот центар на Матица од Скопје, во Паркот на Книгите, денеска во 12 часот ќе биде промовирана монoграфијата „Цртежи“ од Павле Кузманоски. За делото…

  • Промовирана монографијата „Скопје на поштенски марки – историја и мотиви“

    Промовирана монографијата „Скопје на поштенски марки – историја и мотиви“

    Познатите скопски филателисти Климе Поповски и Виктор Габер издадоа монографија со назив „Скопје на поштенски марки – историја и мотиви“. Во монографијата преставени се текстови…

  • Изложба на уметници инспирирани од европската и македонската литература – „Кроки во градината“

    Изложба на уметници инспирирани од европската и македонската литература – „Кроки во градината“

    Во галеријата Акантус се отвори изложбата „Кроки во градината“. На оваа изложба се претставени дела на десет еминетни уметници, Горјан Ѓорѓиев, Славица Јанешлиева Бачварска, Маја…

  • „Звукот на идната генерација“ со Македонската филхармонија

    „Звукот на идната генерација“ со Македонската филхармонија

    „Звукот на идната генерација“ е насловот на претстојниот симфониски концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи денеска во 20 часот. На концертот како солисти…

  • Postmodern Jukebox на 14 декември во Скопје – врвно кабаре во Македонската филхармонија

    Postmodern Jukebox на 14 декември во Скопје – врвно кабаре во Македонската филхармонија

    Една од најинтересните концертни атракции во светот, музичкиот колектив Postmodern Jukebox, на 14 декември ќе настапи во Македонската филхармонија. Postmodern Jukebox е музички колектив кој…

  • Почнува Баскерфест 2018-та

    Почнува Баскерфест 2018-та

    Вечерва во 19 часот ќе биде отворен 13-тиот по ред фестивал на улични изведувачи, Баскерфест 2018. Градскиот плоштад „Македонија“, шест дена од 12-17 јуни ќе…