23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПонудата за бизнисот со чипови на Toshiba достигна 22,3 милијарди долари

Понудата за бизнисот со чипови на Toshiba достигна 22,3 милијарди долари

Групата, вклучувајќи ги „Bain Capital“ и „SK Hynix“ од Јужна Кореја, ја подигна својата понуда за купување на бизнисот со чипови на „Toshiba Corp“ на 2,4 трилиони јени (22,3 милијарди долари), вклучувајќи 200 милијарди јени инвестиции во инфраструктура, пренесува „Ројтерс“.

Предлогот на конзорциумот на чело на кој е американската компанија за приватни инвестиции и јужнокорејскиот производител на чипови, како и инвеститори, поддржани од јапонската држава, е повисок од првичната понуда од околу 1,94 илјади милијарди јени, велат извори кои побараа анонимност, бидејќи разговорите се доверливи.

Претставниците на „Bain“ и „SK Hynix“ не беа достапни за коментар, додека „Toshiba“ одби да ги коментира деталите за преговорите за договорот.

Овој потег доаѓа како што велат изворите, дека „Western Digital Corp“, кој е дел од конкурентната група во последните разговори со „Toshiba“, ја разгледа својата понуда.

Според извори американската компанија ќе се повлече од првичниот финансиски конзорциум за да обрне внимание на стравувањата на „Toshiba“ дека обидот за договор со „Western Digital“ би можел да доведе до долготрајни прегледи на антимонополските органи.

Не е јасно што е последната понуда, но претходно извори велеа дека конзорциумот понудил околу 1,9 илјади милијарди јени.

„Toshiba“ очајно бара начини да ја продаде својата единица и да ги покрие милијардите долари за американскиот нуклеарен бизнис „Westinghouse“. Минатата недела, компанијата соопшти дека размислува за три конкурентни понуди, вклучувајќи ја и онаа што ја води „Hon Hai“ од Тајван, исто така познат како „Foxconn“.

Сите три кандидати ги вклучуваат „Apple Inc.“ за да ги поддржат понудите, велат извори.

Според последниот предлог, „Bain“ и „SK Hynix“ нудат вкупно околу 567,5 милијарди јени, додека „Apple Inc.“ ќе обезбеди 335 милијарди јени. „Toshiba“ ќе задржи дел од бизнисот за 250 милијарди јени.

Американските технолошки компании и други јапонски компании, исто така, се очекува да обезбедат финансирање, додека големите банки се очекува да обезбедат вкупно околу 600 милијарди јени за договорот, велат извори.

„Bain“ ќе има 49,9% од почетните гласовни права во бизнисот со мемориски чипови, „Toshiba“ ќе има 40%, а јапонските компании 10,1%, велат извори.

Одборот на директори на „Toshiba“ треба да се состане в среда за да ги разгледа предлозите, изјавија извори од „Ројтерс“.

„Toshiba“ е втор по големина производител на чипови „NAND“ на глобално ниво, а „Apple“ би имала интерес за постојан пристап до нив, бидејќи користи флеш меморија при производството на „iPhone“ и „iPad“. На овој начин, компанијата од САД ќе ја намали својата зависност од „Samsung“, кој исто така е негов главен конкурент.

„Има голем недостиг на флеш меморија, затоа компаниите се обидуваат да ги задржат блиските односи со клучните добавувачи, како и да обезбедат долгорочни договори“, вели за „Bloomberg Technology“ аналитичарот од „Canaccord Genuity“, Мајкл Волкли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП