15 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на Гордана Вренцоска во Њујорк

Изложба на Гордана Вренцоска во Њујорк

На денот на независноста на Р. Македонија, 8 септември, во 19.00 часот, во галеријата на Македонскиот центар во Њујорк ќе биде отворена самостојна изложба на Гордана Вренцоска со наслов „Неизложено: моите споредни приказни“.

Изложбата ќе го има своето второ претставување, по поставката во Националната галерија на Македонија во октомври 2016 година.

Во ерата на сеопшта изложеност и откривање на приватноста, широкиот свет на уметникот е сепак најмногу видлив низ потесната призма на неговите јавно изложени дела. Но, како е да се изложат „споредните приказни“ од возбудливиот и непрекинат уметнички процес?

Вренцоска за овој проект користи разновидни реди-мејд предмети, уметнички дела, артикли и материјали за масовна, но и лична употреба кои без разлика на првобитната функција со чинот на означување на уметнички предмет, добиваат нова функција – монтажни делови на едно уметничко дело.

Изложбата е финансиски е помогната од Министерството за култура на Р. Македонија, а ќе биде отворена до 14 септември 2017.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП