22 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНедостиг на тоалетна хартија во Венецуела

Недостиг на тоалетна хартија во Венецуела

tp-recycled

Венецуела се соочува со недостиг од тоалетна хартија, а претходно беше регистриран недостиг на млеко, масло, кафе и пченкарно брашно.

Обвинувајќи ги за недостигот политичките противници, социјалистичката Влада најви дека ќе увезе 50 милиони ролни тоалетна хартија, со цел да ги зголеми залихите.

Според економистите недостигот во Венецуела се должи на контролата на цените, чија цел е да ги направи најнеопходните производи достапни за најсиормашните слоеви од населението, како и поради владината контрола на странските валути.

– Проблемот со недостигот само ќе се продлабочува, како што се случуваше претходно во Советскиот сојуз, изјави професорот по економија на универзитетот „Џон Хопкинс“, Стив Ханке.

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро, кој беше избран од покојниот Уго Чавес да ја продолжи неговата „Боливарска револуција“, тврди дека антивладините сили, меѓу кои и приватниот сектор, го предизвикуваат недостигот со цел да се дестабилизира земјата.

Голем број од фабриките работат со половина капацитет, бидејќи монетарната контрола го отежнува плаќањето на увезените материјали.

Чавес ја воведе монетарната контрола пред една деценија, со цел да го спречи истекување на капиталот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП