3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАРаботата е болест, викендот е лек - немојте да бидете воркохолик

Работата е болест, викендот е лек – немојте да бидете воркохолик

Доколку одлучите да работите и последните два дена во неделата, тоа е како намерно да сте одлучиле да го уништите сопственото здравје.

Преку цела недела работите и се чувствувате исцрпени, а штом дојде петок работите тргнуваат на подобро, Звучи како измислување на топла вода, но тоа целосно е така. Имено, овој факт е сега и научно потврден, а дури постои и објаснување зошто тоа е така.

Ричард Рајан од Универзитетот Рочестер го спроведе истражувањето врз група работници професионалци со различно занимање (од физички работници до адвокати и лекари) кои биле вкупно 74 на возраст од 18 до 62 години со работно време од минимум 30 часа неделно.

Секој работник морал да пополни прашалник три пати на ден, наутро на пладне и навечер и да оцени или точно да си ја измери психофизичката состојба.

Во прашалникот испитаниците морале да ја оценат состојбата со оценки од еден до седум: ги оценувале позитивните состојби (среќа, задоволство, радост, уживање) и негативните состојби или чувства (стрес, тешкотии, замор, бес). Освен тоа, во оценките влегувале и физичките состојби и симптоми како главоболка, дигестивни пречки, респираторни проблеми итн. Заклучок? На крајот од неделата се тргнува на подобро. Самата помисла дека наредните два дена сте слободни предизвикува чувство на комфор, како психички така и физички, без оглед на видот на работа кој го обавувате, без оглед на општите навики, на староста и приходите. Викендот предизвикува позитивни нешта и кај мажите и кај жените подеднакво, без оглед дали се во брак или се сами.

Рајан тврди дека викендот има терапетско влијание на секој, дури и на оние кои се многу задоволни и среќни со својата работа. И не станува збор само за психолошки подобрувања, истражувањата покажале дека и физичкото здравје, се подобрува. Затоа заклучено е дека за секој работник викендот е лек. Немојте да заборавите да го испиете тој лек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП