На ѕидот на зграда на булеварот 11 Октомври, спроти Управата за јавни приходи, до домот на хуманоста „Даре Џамбаз“, францускиот уметник Векс ван Хилик изработи мурал со огромни димензии (160 м2).
Векс ван Хилик е роден 1988 година во мало село во југозападна Франција. Под влијание на своите постари браќа тој почнува да слика уште од најрана возраст и почетна инспирација наоѓа во природата околу него, во нејзината фауна и флора. Векс подоцна развива сопствен стил: сонувачки, надреален, истовремено вметнувајќи други влијанија. Сликари како Гистав Доре, Енгр, Караваџо, Дали или Бретон се постојана инспирација од минатите векови, но, како проколнато од неговата генерација, неговото дело е исто така под благо влијание на поп-културата, видеоигрите, стрипот, уличната уметност и тетоважите.
Во периодот што следува десетина уметници од Европа, Азија, Северна и од Јужна Америка ќе создадат нови дела на повеќе станбени и јавни објекти. МКЦ апелира до граѓаните што би сакале да имаат мурал на своите фасади да се јават и заеднички да го разубават градот.