25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРој Кин: Денес Гигс би вредел две милијарди фунти

Рој Кин: Денес Гигс би вредел две милијарди фунти

Фудбалскиот пазар и трансферите ова лето добија нова димензија бидејќи клубовите потрошија големи пари. Нејмар, Дембеле и уште неколкумина други играчи се платени стотици милиони евра, што според мислењето на легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин е далеку од реалноста.

Кин смета дека на денешниот пазар играчите се преценити и дека денес неговиот поранешен соиграч Рајан Гигс би вредел најмалку две милијарди фунти.

„Се е преценето, особено големи пари се плаќаат за не толку добри фдбалери. Сега е вистинскиот момент да се биде професионален фудбалер. Просечни фудбалери сега вредат 35 милиони фунти. О, Господе. Јас тоа не го анализирам, такви се состојбите на пазарот, но знам дека нема многу врвни фудбалери“, рекол Кин, на кого „мета“ не му бил Нејмар, туку како што пренесуваат англиските медиуми фудбалери како Сигурдсон (Свонси-Евертон 45 милиони фунти) и Марко Арнаутовиќ (Стоук-Вест Хем 24 милиони фунти).

„За неверување е кога просечни фудбалери вредат помеѓу 35 и 40 милиони фунти. Но тоа не е нивна грешка, бидејќи клубовите се подготвени толку да платат“, рекол Кин.

„Руд ван Нистелрој денес би вредел една милијарда, Дејвид Бекам исто, а Рајан Гигс би вредел две милијарди фунти“, дополнил Кин.

Потоа легендарниот капитен на Јунајтед шеговито рекол колку колкава би била неговата вредност на денешниот трансфер пазар.

„3,75 милиони фунти“, рекол Кин. Оваа сума во минатото Алекс Фергусон му ја плати на Нотингем Форест за услугите на Рој Кин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП