7 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАЗаврши 56. издание на Струшките вечери на поезијата

Заврши 56. издание на Струшките вечери на поезијата

30 звучни поети од сите страни на светот и уште толку домашни, но и многу професионални посетители (агенти, издавачи, уредници на списанија и платформи), беа дел од годинашните 56-ти Струшки вечери на поезијата.

Освен во Струга, преку „Поезија на пат“ стиховите на годинашните учесници се слушнаа и во Ресен, Охрид и во Битола, а со постфестивалското „Поетско матине“ на Матка и на синоќешниот поетски митинг на плоштадот Македонија и во Скопје.

„Убеден сум дека ова е едно од најуспешните изданија на фестивалот и по изборот на гости и по сѐ што се случуваше. Навистина провокативно издание, кое го носи целиот фестивал на едно повисоко ниво. Тука е и платформата „Версополис“ од која СВП е дел, а која пред два дена доби нова четиригодишна поддршка од програмата.

„Креативна Европа на ЕУ“. Верувам и дека тој квалитет и таа меѓународна соработка придонесоа ова да биде атрактивно издание. Ние мора да се сообразиме со новите текови и во европски и во светски рамки, па и поради реномето на фестивалот, а и преку ваквите активности, верувам дека сме на вистинскиот пат“, изјави пред церемонијата на свеченото затворање во Струга, директорот Мите Стефоски.

Годинашен добитник на „Златниот венец“ е американскиот поет со српско потекло Чарлс Симиќ, младиот хрватски поет ја доби наградата „Мостови на Струга“, која се доделува заедно со УНЕСКО: Михаил Ренџов втор пат ја доби наградата „Браќа Миладиновци“, која се доделува за најдобра поетска книга меѓу два фестивала.

Јосип Коцев за песната „Етна“ ја доби наградата „Енхалон“, која се доделува за најдобра песна од домашен млад автор прочитана за време на фестивалот.

Федерико Дијас Грандос е автор на најдобрата песна за виното, награда што традиционално се доделува на излетот со брод од Струга до Свети Наум. Учесниците своите стихови ги испишаа на етикетите од шишињата вино, кои потоа отидоа во специјалната винска колекција на Тиквеш, пријател и помагач на фестивалот, на изборот на песна за виното, како и на поетското матине во Матка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП