3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку е здрава минералната вода?

Колку е здрава минералната вода?

Иако така често се рекламира, минералната вода не е нешто што лекарите го сметаат за здрава опција.

Газираната минерална вода е мала посластица за здравите, а на оние помалку здравите им се чини како добар обид да го поправат своето здравје. Универзално се пие во целиот свет, а својата примамливост им ја должи на пикантните меурчиња, како и наводното помагање при варењето, при чувство на тежина во стомакот и здравите минерали со кои изобилува.

Но, пробелемот не е во минералите, туку во јаглеродниот диоксид кој ја прави газирана, а содржи слаба јаглеродна киселина, објаснува Адам Торн, истакнат британски стоматолог.

„Повеќето луѓе не се свесни за фактот дека минералната вода е исклучително кисела, има pH3 вредност. Меурчињата во минералната вода без проблем го еродираат емајлот на забите, а што почесто се пие, опасноста е поголема. Со тек на време тоа е причина за полесно краварење, воспаление, губење на белата боја и болка“, истанува Торн.

Особено се опасни минералните газирани води со разни вкусови, кај кои не постои само киселина, туку и шеќер.

„Никој не вели дека повремено не можете да се напите по некоја чаша, но секојдневното консумирање е навистина опасно за оралната хигиена“, истакнува Торн за британскиот Independent.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП