26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНешта за кои не треба да се фрустрирате

Нешта за кои не треба да се фрустрирате

Во секојдневието луѓето често се во состојба на стрес. Тој е резултат на обврските, работата, брзиот начин на живот, несогласувањата во приватниот и деловниот живот и сл.

Хроничниот стрес предизвикува разни болести, помалку или повеќе опасни, а е сигурен пат до прерана смрт. Сето тоа го знаеме, па повторно одново и одново се нервираме за истите работи, секој ден.

„Huffington Post“ ги праша своите читатели што мислат за тоа, замолувајќи ги да ги набројат работите за кои навистина не вреди да бидат фрустрирани и нервозни. Еве ги интересните препораки.

1. Не е важно што мислат другите за вас, верувајте.

2. Презафатениот распоред кој дефинитивно не е реален нанесува само штета.

3. Дали сте виделе недела без понеделник? Не сте виделе? Зошто тогаш се нервирате кога ќе дојде понеделникот?

4. Колегите на работа и нивните лоши навики ќе останат такви како што се, прифатете ги не ги менувајте.

5. Врските се прекинуваат и од тоа не се умира.

6. Болести има колку што сакате, но за нив немојте да размислувате секој ден.

7. Баш ви е гајле што работат другите луѓе со нивните животи.

8. Озборувањата се штетни за оние кои ги шират, ја влошуваат нивната репутација дома, на работното место и во општеството.

9. Метежот во сообраќајот сигурно нема да го решите, затоа смирено.

10. Станот или куќата ќе ја средувате цел живот, па не е премногу важно дали е петок или недела.

11. Иднината сеуште не дошла.

12. Староста апсолутно е невозможно да ја запрете.

13. Неспособниот шеф не е вреден колку вашето здравје.

14. Ветената повисока плата, може никогаш да не ја дочекате, дејствувајте поинаку, не ја користете нервозата.

15. Личностите кои се негативни и ви одат на нерви избришете ги од животот и тоа веднаш!

16. Животот не се темели на парите, парите доаѓаат и си одат, искористете го секој ден максимално и гледајте на нештата од поинаков агол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП