28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЧувствувате немоќ да ги извршите работните задачи? Што да направите?

Чувствувате немоќ да ги извршите работните задачи? Што да направите?

Понекогаш чувствувате голем замор, напнатост и не сте способни да завршите ниту една обврска, а не па сите работни задачи кои ве очекуваат во текот на работниот ден. Следуваат причините зошто чувствувате дека неможете ништо да сработите, и што да направите во врска со тоа…

Никогаш немате доволно време во денот? Да земете слободен ден или барање на повеќе време за некој нов проект, може да се чини невозможно.

Имате доволно време. Постојат 24 часа секој ден, и ако ги менаџирате добро, ќе можете да поместите и планина.

Често претприемачите се чувствуваат фрустрирани кога ништо од планираното не завршиле. Недостигот на менаџирање со времето создава страв. И полошо, може самите да се саботирате.

Како да дознаете дека се борите со случај на сиромашен менаџмент со време или се отргнувате од стравот и наоѓате изговори? Следуваат советите:

1. Запишете го вашето мислење за одредена фрустирачка ситуација

Нема шанси во овој момент да земам одмор.

2. Запишете ги сите можни последици доколку не извршите одредена работа

На пример:

– Заради одредена причина ќе заостанам со работа и нема да се вреднува досега изработеното.

– Нешто навистина лошо ќе се случи ако не се заврши одредената задача

– Ќе бидам виновен за некористење на времето продуктивно, бидејќи успешните луѓе работат напорно

3. Отворето го умот со друг поглед на секоја од овие последици

Предизвикајте се да најдете решение. Напишете колку што можете повеќе предизвици.

Кога ќе ја правите оваа вежба, слушајте го внатрeшниот глас. Секој момент, кога ќе наоѓате изговори, внатрешниот глас ќе се обиде да ви го врати вниманието. Научете да правите разлика помеѓу страв и интуиција. Интуицијата е онаа која е на мета, додека стравот е оној кој не ви дозволува да ги извршите задачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП