По исполнетото лето со настапи во државата и на Балканот, Горан Папаз оваа година ќе ја има честа да настапува на фестивалот Струшки вечери на поезијата.
Тој ќе настапи со својот квартет на свечениот прием на учесниците и на вториот ден во „Ноќ без интерпункции“.
Во септември Папаз со својот музички продуцент Масевски најавува нова песна која ќе биде промовирана на радиостаниците.