29 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЕве како овошјето и зеленчукот да не ви скапуваат во фрижидерот

Еве како овошјето и зеленчукот да не ви скапуваат во фрижидерот

Ако сте од оние на кои секогаш овошјето или зеленчукот им скапува во фрижидерот, пред воопшто да стигнат да го изедат, па со грижа на совест го фрлаат во ѓубре – знајте дека на тоа му дојде крајот.

Триковите кои ги знаат домаќинките се често многу поделотворни од сите купeчки средста и се за што веќе сте чуле.

Откако дојде летото, овошје и зеленчук има во изобилие, но често се случува тоа брзо да скапе или да се муфлоса па морате да го фрлите. Ниту фрижидерот не е спас за ова, па на крај ќе морате да ги фрлите овие намирници.

Дали сте слушнале за трик со сунѓери?

Значи се што е потребно е да купите три најобични кујнски сунѓери и да ги ставите во фиоката или преградата каде што држите овошје и зеленчук. Важно е сунѓерите да ја покријат целата површина.

Преку сунѓерите ќе се апсорбира вишокот влага и тоа ќе го забави скапувањето.

Вреди да пробате, зарем не? Признајте дека подобро е да купувате три сунѓери месечно отколку постојано да фрлате скапани намирници во ѓубре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП