ЕКОНОМИЈА

Fitch го зголеми рејтингот на Грција

grcija6

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Fitch“ го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на Грција за еден степен на „B-“, бидејќи, како што вели,  на Атина повеќе не и се заканува банкрот.

„Fitch“ наведува дека го зголемил рејтингот на Грција поради напредокот на таа земја во балансирањето на јавните финансии и подобрувањето на трговската конкурентност, пренесува агенцијата Франс Прес.

„Во тек е ребалансот на грчката економија, остварен е јасен напредок во елимирањето на буџетскиот дефицит“, наведува агецијата, додавајќи дека прогнозата за грчкиот рејтинг е стабилна.