7 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКопар за поубав сон

Копар за поубав сон

Го јаделе гладијаторите во антички Рим бидејќи верувале дека ќе им даде сила, во средниот век му препишувале магични моќи, па е користен дури и за подготовка на љубовни напитоци, а во нашата народна медицина се употребува и за подобар апетит и подобро варење, а им се препорачува и на оние кои лошо спијат.

Копарот, кој потекнува од средна Азија, покрај магдоносот е најчеста зачинска билка по пазарите.

Ги содржи витамините А и Ц, фолна киселина, бета-каротен, а за да го извелчете максимумот од него, избегнувајте го оној копар кој пожолтел.

Се вели „во секоја чорба копар“, но тој одлично оди и со краставица, домат, зелена салата, компир, динстан зеленчук, тиквички, печурки, пилешко месо, јагнешко месо….

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП