6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсвен во Грција, грчкиот јогурт не смее да се произведува во друга...

Освен во Грција, грчкиот јогурт не смее да се произведува во друга земја!

Министерството за земјоделство на Грција се надева дека ќе ја убеди Европската Унија да воведе прописи со кои на други држави ќе им биде забрането да произведуваат грчки јогурт.

Грците сакаат јогуртот да добие ознака производ од заштитено географско потекло, како што тоа е случај, на пример, со шампањот или со пармската шунка.

Грчкиот јогурт се прави така што обичниот јогурт се цеди за да се отстранат сурутката и лактозата со што на крајот се добива производ со погуста структура.

Грција и Чешка минатата година имаа спор откако Чешка произведе грчки јогурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП