28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали ова го фрлате во ѓубре наместо да го изедете?

Дали ова го фрлате во ѓубре наместо да го изедете?

Ги фрлате ли најдобрите делови од намирниците по навика, целосно несвесни за нивните здравствени користи. Листовите, стебленцата или кората понекогаш се најважниот дел од некои овошја и зеленчуци…

Лушпата од кромидот и лукот

Лушпата од црвениот кромид и лукот е богата со кверцентин, растителен флавоноид, силен антиоксиданс, антихистамин со антивоспалително дејство. Додадете ја во варивата или супите и пред сервирање извадете ја.

Кора од диња

Кората од диња е богата со цитрулином, аминокиселина која ја поттикнува циркулацијата и ги шири крвните садови. Помешајте ја со плодот во блендер и уживајте во здравото фрапе.

Листови од брокула

Листовите од брокулата содржат каротеноиди – моќни билни пигменти кои телото ги претвора во витамин А и помагаат во превенцијата на рак. Само згответе ги заедно со брокулата.

Листови од целерот

Листовите имаат пет пати повеќе калциум и магнезиум отколку стеблото. Исто така содржат витамини и фенолити – силни антиоксиданси кои помагаат во борбата против рак, срцевите болести и процесот на стареење. Едноставно искористете ги како стеблото од целерот и додадете ги во супите, салатите или сосовите.

Стебло од блитва

Стеблото е еднакво добро за нас како и листовите, бидејќи е полно со антиоксиданси. Подгответе ги на ист начин како и аспарагусот, на пареа или варени.

Кора од портокал

Портокалот е полн со витамин Ц и е природно средство за јакнење на имунитетот, но кората сама содржи голема количина влакна и витамини. Затоа додадете ја кога правите фрапе.

Стебла од брокула и карфиол

Веројатно и вие ја правите оваа грешка и ги фрлате. Но стеблото има вкусен слаткаст вкус и всушност повеќе влакна од цветот. Потребно е малку повеќе време да се свари, па затоа ставете го да се вари пред другиот зеленчук.

Кора од киви

Влакнестата кора од киви содржи три пати повеќе антиоксиданси од самата срцевина и има антиканцерогени и антиалергиски својства. Додадете ја и кората заедно со плодот во соковникот и консумирајте ја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП