25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладите ракометари на прием кај претседателот Иванов

Младите ракометари на прием кај претседателот Иванов

Играчите и стручниот штаб на младата ракометна репрезентација на Македонија, кои на Светското првенство во Алжир го освоија шестото место, беа на прием кај претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

Претседателот Иванов им го честиташе остварениот резултат на играчите и стручниот штаб и им посака уште поголеми успеси во иднина.

Претходно на скопскиот аеродром македонската експедиција беше пречекана од првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, и претставници на Ракометната федерација на Македонија.

„Агенцијата за млади и спорт ќе ги поддржи дополнително ракометарите со цел да продолжат со континуираните резултати. Само така ќе покажеме вистинска грижа кон спортот“, рекол Каевски.
Инаку, освоеното шесто место е најдобар резултат на една македонска селекција на светските првенства, а втор најдобар во историјата на македонскиот ракомет, по освоеното петто место на сениорската репрезентација на Европското првенство во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП