28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто е важен цинкот?

Зошто е важен цинкот?

Погледнете зошто почесто би требало да внесувате во своето тело намирници богати со цинк и откријте како овој минерал влијае на нашето здравје.

Школките почесто се споменуваат во контекст на афродизијак отколку за превенција на настинки, но се токму моќни сојузници на имунитетот со оглед на тоа дека содржат повеќе цинк од било која друга храна. Покрај имунитетот овој минерал се истакнува и како есенцијален за зачувување на менталното здравје, но и плодноста.

Цинкот го зајакнува нашиот имунитет на два начини. Прво, ја загрозува способноста на риновирусите, кои се одговорни за развивање на настинки и слабеење на имунитетот. Друго, цинкот спречува овие вируси да се залепат на мембраната на клетките и да предизвикаат инфекција. Кај испитаниците кои го пиеле се покажало дека цинкот на многу постојан начин ги зајакнува нашите одбрамбени механизми против различните вируси.

Доколку не сте во можност да јадете школки, цинкот е подеднакво ефикасен во форма на сируп, шумливи таблети и цинк таблети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП