13 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДали работохолиците се добри работници?

Дали работохолиците се добри работници?

Иако за себе сакаат да мислат како за големи работници, најновото истражување покажува дека работохолиците всушност не се продуктивни, но и често се разболуваат.

Сигурно познавате луѓе кои постојано истакнуваат како многу работат и немаат време за ништо друго. Иако тоа го кажуваат речиси срамежливо, можете да приметите, односно да почувствувате дека станува збор за подржувач на работохоличарството. Но, дали навистина треба да се биде горд со тоа? Судејќи според новото истражување – не!

Работохоличарството е на некој начин знак дека тоа лице не се грижи доволно за себеси, а оној го се занемарува себеси и своето здравје, тешко дека може да биде квалитетен и продуктивен работник. Работохоличарствто, како што покажуваат најновите истражувања, може да биде многу штетно и најчесто не доведува до успешни деловни резултати.

„Живееме во култура која поттикнува работохоличарство. Тоа се доживува како тешка работа која треба да се вреднува и која ја користи секоја компанија. Но, нашите резултати покажаа дека таквиот вид на луѓе не постигнуваат некои особено добри резултати. Она што е уште поважно од работохоличарството кое ја уништува личноста, е тоа дека тие се под стрес, склони се кон конфликти, имаат нарушено психичко здравје, а неретко тоа се одразува и на физичкото здравје“, истакна Мелиса Кларк, водич на истражувањето.

Експертите открија дека не постои никаква поврзаност меѓу работохоличарството и зголемената ефикасност и подобрата заработка. Наместо тоа, воочена е поврзаност со перфекционизмот, особина на личноста која може да предивика бројни проблеми. Посветеноста на работата, велат експертите, е добра и позитивна работа, но работохоличарството не е воопшто корисно и луѓето тоа треба конечно да го сфатат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП