20 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАВо Министерството за култура исплатени и незавршени проекти

Во Министерството за култура исплатени и незавршени проекти

Министерството за култура упати барање за вонредна ревизија на регуларноста на работењето на оваа институција до Државниот завод за ревизија (ДЗР).

Министерот за култура формираше работна група која констатираше дека се исплатени над 80 отсто од сретствата за проектите од областа на култура – и тие што се дел од годишните програми за работа на установите, и тие што се резултат на годишните конкурси на Министерството за култура. Оваа реализација според Министерството, се должи на предвремената исплата на финансиски средства за проекти кои не се реализирани, оставајќи го министерството во тешка финансиска состојба.

Воедно, во барањето се нагласува дека ревизија на финансиското работење на Министерството за култура не е извршена од 2011 година, поради што произлегува и потреба за редовна ревизија на истото.

Ценејќи ја независноста на Државниот завод за ревизија, како и начинот и критериумите врз основа на кои се донесува годишната програма за работа, Министерството за култура побара од ДЗР, согласно законските надлежности на институцијата, во својата програма за работа да ја вклучи и ревизијата во Министерството за култура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП