„Nikki Beach Resort“ е многу интересно и луксузно одморалиште на Тајланд…
Тоа е место каде ќе ги пронајдете глобалните кулинарски специјалитети, заводливата музика, познатите коктели и забавата покрај базен на само неколку чекори од плажата која ќе ви го одземе здивот на прв поглед.
Еден од главните елементи на ова одморалиште е приватноста која овде можете да ја имате. Овде постојат само 48 апартмани, вили и бунгалови, кои се креација на концептуалниот дизајнер Ерик Кустер.
Кога ќе дојдете во овој резорт, откако ќе впиете мал дел од тропската и прекрасна атмосфера можете да го одберете вашиот омилен луксузен бунгалов, со една или две спални соби, трособен апартман, петособен бунгалов или Ocean Penthause.
Quintessentially Nikki Beach приватната вила е нешто што нема да го пронајдете на било кое друго место – чиста декорација, тропскиот луксуз и неконвенционалниот животен стил се она што тука ве очекува. Шик дизајнот, одличната кујна, музиката и забавата се искомбинирани во ова одморалиште така што дополнително ќе го збогатат вашето искуство.