25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБитката за зачувување на нуклеарениот отпад во Европа

Битката за зачувување на нуклеарениот отпад во Европа

Шест децении по изградбата на првите нуклеарни централи сеуште ниту една држава во светот нема постојано складиште за радиоактивен отпад. Ова го пишува во анализа европското издание „Politico“.

На многу места во Европа има привремени складишта, често во близина на реакторот, од каде доаѓа нуклеарното гориво или други отпадоци, кои треба да бидат одработени и зачувани.

Причината за недостатокот на вакви објекти не е толку техничка, туку политичкото противење против изградбата на складишта, каде да се чуваат тони радиоактивен или друг опасен отпад од производството на електрична енергија.

Проблемот ќе се продлабочува, бидејќи централите веќе се кон крајот на својот животен циклус, а во Западна Европа, пак, почнуваат да затвораат реактори. Само во ЕУ над 50 од 129-те активни нуклеарни реактори најверојатно ќе бидат затворени до 2025-та година.

„Овие реактори ќе бидат извадени од експлоатација, а радиоактивниот отпад треба да биде управуван безбедно“, коментира комесарот за енергетика во ЕУ, Мигел Ариас Канете.

Според информации на „Financial Times“ управувањето на радиоактивниот отпад може да се покаже како најголем проблем во преговорите за „Brexit“. Весникот посочува дека Лондон и се заканил на Европската унија дека ќе го врати назад нуклеарниот отпад, испратени за преработка и складирање од останатите европски држави.

Уште од 70-тите години на дваесеттиот век земјата се занимава со одработување на нуклеарното гориво од други земји од ЕУ, вклучувајќи и од Германија, Италија и Шведска.

Во март, кога се активира членот 50 од Договорот за ЕУ, британската влада изјави дека земјата ќе ја напушти и Европската заедница за атомска енергија (Евроатом).

Според податоците на Европската комисија кон 2013-та година најмногу нуклеарен отпад се чува во Велика Британија, Франција и Германија. Само во Финска веќе почнаа работите за изградба на постојано складиште за опасен отпад од оваа индустрија.

Всушност овие складишта се повеќе политички, а не технички проблем. А дебатите за нив треба да станат дел од политиката за одржливо управување на нуклеарната енергија – секој сака енергија, но никој не го сака отпадот, коментираат локалните луѓе во Брауншвајг во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП