3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Arrivederci“ Манчини

„Arrivederci“ Манчини

Roberto Mancini

Манчестер Сити го отпушти менаџерот Роберто Манчини токму во пресрет на годишнината од освојувањето на титулата во англиската Премиер лига. Веста беше соопштена официјално од клубот. Интересно е што разрешувањето на 48-годишниот тренер се совпадна со прославата за освојувањето на титулата на градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

Италијанецот си заминува по 3.5 години работа на чело на „граѓаните“. За неговата промена се зборува веќе подолго време, но откако тој го загуби финалето на ФА Купот против Виган сопствениците одлучија да се ослободат од него.

Како веројатен заменик на Манчини се споменува тренерот на Малага Мануел Пелегрини, а во преостанатите два натпревари до крајот на сезоната Сити ќе биде воден од Брајан Кид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП