
Комерцијална банка АД Скопје, како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност, со задоволство објавува дека на “Годишната конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност 2013” во организација на Македонската берза за хартии од вредност АД Скопје, Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија е добитник на Плакета за постигнато прво место по вкупен промет и број на трансакции реализирани во 2012 година.

