29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаролина Плишкова од 17 јули ќе биде број 1 на ВТА листата

Каролина Плишкова од 17 јули ќе биде број 1 на ВТА листата

Чешката тенисерка Каролина Пчишкова од понеделник ќе биде број 1 на ВТА листата. Плишкова во второто коло загуби од Магдалена Робарикова.

Плишкова, иако настапот на Вимблдон го заврши во второто коло, ќе биде прва на ВТА листата бидејќи Романката Симона Халеп не успеа да стигне до полуфиналето. Тенисерката од Чешка ќе биде 23-та која се искачила на врвот на ВТА листата во опен ерата.

Халеп во три сета го загуби четвртфиналниот меч од Џоана Конта.

Плишкова е првата тенисерка од Чешка откако во 1975 година е воведено компјутерското бодување.

Мартина Навратилова е родена во Чешка, но таа број 1 стана во 1978 година кога го бранеше боите на САД.

Плишкова игра исклучително добро сезонава, таа од почетокот на годината има освоено четири титули.

Чехињата е шестата тенисерка која ќе биде број 1 иако во кариерата нема освоено гренд слем титулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП