„Yum China Holdings“, сопственик на „KFC“, „Pizza Hut“ и „Taco Bell“ во Кина, пријави продажба во кварталот малку под очекувањата во резултат на слабиот раст на „Pizza Hut“ во позадина на стремеж кон реструктуирање, соопштува „Ројтерс“.
Компанијата, која се отцепи од „Yum Brands“ во минатата година, изјави дека споредливата продажба се зголеми за 3% во вториот квартал од 2017-та година како резултат на 4 процентниот скок на синџирот на пржено пилешко „KFC“. Споредливата продажба од „Pizza Hut“ сепак останува без промена.
„Yum“, кој е најголемиот синџир за брза храна во Кина со 7.685 ресторани, се обидува да го заживее растот на пазарот, кој се забавува од 2012-та година, погоден од загриженоста околу безбедноста на храната, променливите вкусови на потрошувачите и поширокото економско забавување.
Синџирот „Pizza Hut“, кој досега заостануваше зад посилниот раст на „KFC“ уште пред уписот на „Yum China“, не успеа да ги исполни очекувањата на аналитичарите за раст на споредливата продажба од 1,5%, покажува консултантската куќа „Consensus Metrix“.
Џои Ват, претседател и извршен директор на Кина, „Pizza Hut“ доживува тешкотии и дека има „доста клучни аспекти во основите на бизнисот, кои треба да ги поправиме“.
„Сé уште има начин да промениме резултатите на „Pizza Hut“ и работиме напорно да ги завршиме работите“, рече таа.
Растот на „KFC“ е посилен, поддржувајќи ја општата споредлива продажба над средната оценка на аналитичарите за раст од 2,4%.
Акциите на компанијата поевтинија сепак поради стравувањата околу „Pizza Hut“.
„Yum China“ се обидува да ја реструктуира единицата, да го поедностави менито, како и зајакнување на мобилните плаќања и испораката. Неодамна компанијата купи контролен удел во локалната служба за испорака на храна „Daojia“.
Нето добивката на синџирот е зголемен до 107 милиони долари, или 27 центи по акција, во кварталот од 77 милиони долари, или 21 центи по акција, една година порано, која според менаџментот е поддржана од даночната реформа во индустријата како целина. Маржите исто така се прошируваат.
Вкупните приходи се намалиле за 0,4% до 1,59 милијарди долари, што е малку под оценката на аналитичарите за 1,60 милијарди долари, според „Thomson Reuters“.