26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците на Американците за 4-ти јули ќе ве изненадат

Трошоците на Американците за 4-ти јули ќе ве изненадат

Трошоците на Американците за 4-ти јули се очекува да надмине 7.15 милијарди долари, според Националната асоцијација за продажба на мало, цитирани од „WalletHub“.

Пред една година, за Националниот празник на САД, Американците потрошија 6,8 милијарди долари.

Еве ги нивните трошоци:

Стоки

Сосема природно, најдобро продавана стока и оваа година се националните знамиња. Во земјата се увезени знамиња во вредност од најмалку 5 милиони долари, главно од … Кина.

Патувања

Приближно 44.2 милиони американци ќе патуваат 80 или повеќе километри помеѓу вторник и петок. Тие сепак имаат можност да полнат бензин по цена од 1.02 долари за литар (просечна цена за земјата), каква што не гледаме во САД со години. Други 3.3 милиони лица пак се очекува да патуваат со авион.

Прехрана

Американците се очекува да трошат 388 милиони долари за хамбургери, 389 милиони долари за пилешко, 133 милиони долари за тортиљи и бурита, како и 37 милиони долари за … кечап.

Пиво

4-ти јули е национален празник на САД, еве зошто во тоа време се пие многу пиво. Американците ќе испијат пиво за над 1 милијарда долари за време на празникот, како и ќе платат 568 милиони долари за вино.

Огномет

Во изминатата година трошоците за огномет достигнаа импресивни 800 милиони долари. Малите општини исто така се вклучија во празникот, па разходите се помеѓу 5.000 и 30.000 долари за забавата.

Ова сепак се одразува на квалитетот на воздухот кој се влошува со 42% во деновите на славењето. За споредба, САД увезува годишно огномет во вредност од 307.8 милиони долари, повеќето од нив од Кина.

Други

Меѓу другите трошоци се уште: 116 милиони долари за цреши, 114 милиони долари за салати, 83 милиони долари за лубеница, 42 милиони долари за скара сос, 36 милиони долари за пченка, 28 милиони долари за пита, 27 милиони долари за колбаси, 26 милиони долари за стекови, 25 милиони долари за сенф и друго.

Американците ќе конзумираат и 150 милиони хотдози.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП