4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ шведската централна банка започна подготовка за зголемување на каматите

И шведската централна банка започна подготовка за зголемување на каматите

Централната банка на Шведска (Riksbank) стана уште еден монетарен регулатор, кој започнува подготовка за зголемување на каматите, соопшти „Bloomberg“. Банката го елиминира потенцијалот за ублажување на монетарната политика во краток рок, а во позадина на стабилност се инфлацијата во најголемата нордиска економија.

Одот сигнализира дека централната банка се доближува до крајот на тригодишните напори за промовирање на инфлацијата во економијата во вредност од 500 милијарди долари.

Шведската централна банка така се приклучи кон Европската и Англиската централна банка, кои дадоа да се разбере дека цената на парите се насочува нагоре по години на големи олеснувања.

„Riksbank“ очекувано јс задржи основната камата без промена на ниво -0,50%, но не очекуваат дополнителни намалувања. Предвидено е стапките да останат на сегашните нивоа до средината на 2018-та година и да се зголемат над нулата во второто полугодие на 2019-та година Централната банка го задржи и темпото на квантитативните олеснувања без промена.

„Фактот дека инфлацијата беше во последно време беше малку над очекувањата и дека ризиците од странство се намалија, ја намалува веројатноста „Riksbank“ ја зголеми репо каматата во краток рок“, пишува во соопштението на банката. „Ова не го исклучува намалувањато на репо каматата во периодот потоа“, дополнуваат од институцијата.

„Укинувањето на веројатноста од уште олеснувања ја признава зависноста помеѓу политиката на „Riksbank“ и глобалниот тренд во монетарната политика“, коментира Микаел Сарве од „Nordea Bank“.

Има уште три фактори зад ова решение: инфлацијата се доближува до целното ниво од 2%, немаше поскапување на круната што ја намали инфлацијата, a ризикот од популизам во Европа се намали по последната седница на банката во април.

Годините на ниски камати доведоа до зголемување на цените на пазарот на недвижности и зголемувањето на задолженоста на домаќинствата. Тие сепак и помогнаа на шведската економија да стане една од најбрзо растечките во Европа. Во 2016-та година растот на БДП-то беше 3,2 отсто, а до 2019-та година се очекува да биде над 2% годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП